“Па накратко, нишката што недостасуваше, затоа што многу од нас пијат нездрави пијалаци, и наместо повеќе вода да конзумираме, ние конзумираме хемија од која имаме повеќе загуба отколку придобивка.”
“Нарачав две шишиња брендирани од едно од АТП и друго од Џокович. Тоа од АТП беше во грешно паковање, на паковката пишеше 800мл а шишето беше од 600мл и делуваше како препаковано. Другото беше во ред.
За таа цена на производите искрено не очекував таков кикс.”
“Ми се допаѓа фактот што со waterdrop пијам многу повеќе вода во текот на денот, а и самиот интензитет е доволен за да има природен и убав вкус, наспроти благ и тежок. Најчесто купувам директно од штандот кај што вработените се прељубезни. Онлине нарачката исто така пребрзо стигна. Се на се, многу задоволна :D”
“Одличен начин за да се мотивирате да внесувате повеќе течности во текот на денот. Особено корисно за оние кои тешко се навикнуваат да пијат доволно вода. Малите таблети имаат одличен вкус, не содржат шеќер и не оставаат вештачки aftertaste. Совршени се за носење на работа, тренинг или патување. Waterdrop не нуди само производ, туку и цела навика што се гради со задоволство.”